Интервју со Neno – наш перспективен гејмер во CS:GO

Бујрум со нас на лаф-муабет со Нено, наша надеж во Counter-Strike: Global Offensive. Ќе ни раскаже по нешто за себе, по нешто за тимот, за подобрувањето на вештините, и за неговите очекувања и надежи, но и за тоа што ќе прави во наредниве 3 дена.

Повеќе информации за турнирот, датумот на одржување, други јаки екипи кои би играле?

Се работи за Интернационален турнир Copenhagen Games, кој ќе се одвива од 28 март до 1 април. Учествуваат воглавно тиер 2-3 екипи: North, Heroic, Imperial, Windigo, Rogue, ALTERNATE, Red Reserve и многу многу други, така да, се надевам на добар пласман!

(Официјален линк до настанот: ТУКА)

Кој си ти, од каде доаѓаш?

Се викам Анел Чековиќ, а никнејм у ЦС ми е (NENO). Доаѓам од Тетово.

Колку време играш и за кој тим играш моментално? 

Играм отприлика 10-11 год. и моментално играм за екипата Валијанс.

Која е твојата улога (Role) во тимот?

Ингејм-Лидер и Луркер истовремено.

Кажи ни малку повеќе за твојот тим, од каде се твоите соиграчи, и по некој збор за нив. 

Па, мојот тим се состои од тројца играчи од Србија (LETN1, emi, Impulse) и huNter од Босна. EMI игра ентри улога, LETN1 i huNter супорт, Impulse e снајперот и ја ингејм лидер/луркер.

Колку време во денот посветуваш на вежбање и подобрување на твоите Counter Strike вештини?

Индивидуално посветувам околу саат време, тимски после се продолжува уште 4-5 часа.

Што би препорачал на нови играчи кои пробуваат да се пробијат на сцената?

Ништо нема да ви донесе повеќе успех од многу труд и желба за подобрување.

Што планираш во иднина и која е твојата цел во светот на CS:GO?

Во иднина се надевам дека јас и екипата ќе стоиме редовно на подиумите на светските турнири, и се надевам исто дека ќе станам еден од најдобрите играчи-ингејм лидери во светот.

Следни турнири каде што би можеле да те видиме во акција?

Онлајн лиги има доста, не знам предвреме кои ќе ги играме дека нонстоп се појавуваат, но еден турнир кој што ќе биде мој и воедно на екипата најголем турнир одигран во нашиот живот е Dreamhack Masters Marseille, каде што ќе играат само топ екипи.

(Официјален линк до настанот: ТУКА)

Што ќе ни кажеш за твоето минато, на какви сé турнири имаш играно, имаш ли играно рамо до рамо со некои од најпознатите светски играчи?

Имам играно од време на време на турнири каде се наоѓале топ играчи од типот на Virtus.Pro, Na`Vi, HellRaisers, итн. Единствената разлика што ја имам приметено е дека се ментално поспремни, ништо друго.

Дали би препорачал некое место, каде што можеби ти играш, сервер или слично, каде нашите македонски играчи би можеле да играат со подобри играчи, со цел да ги подобрат своите вештини?

Не играм премногу рандом миксеви и слично, најдобри работи за подобрување за мене се: Секојдневен детмеч/ботови, гледање демоа, гледање свои демоа и поправање на своите грешки, влегување сам на сервер и барање на нови позиции, некои трик ствари итн.

Што правиш во слободно време, некое хоби?

Освен теретана и понекогаш фудбал друго хоби си немам.

Колку долго си гејмер?

Гејмер сигурно повеќе од 11 години, а со ЦС се бавам од 2007 отприлика.

Имаш ли некоја специјална вештина? Special skill?

Ако пиење алкохол се смета за скил, тогаш да, имам. xD

Последни зборови, shoutouts?

Сакам да ги поздравам мама, тато, баба, дедо, и другарите.

^ Мала шала од тимот на 365.com.mk. Нено уствари рече дека обично го мрзи да пишува, но ни се заблагодари за краткото интервју. Му се заблагодаруваме и ние 😉

Во меѓувреме, Нено можете да го следите на:

• Фејсбук: https://www.facebook.com/NENOCS/
• Твитер: https://twitter.com/NENOCSGO
• Инстаграм: https://www.instagram.com/neno_dopesick/

- Реклама -