Имаме поздрав од руската амбасада

По повод протерувањето на руски дипломат и од Македонија, што Русија го смета за непријателски акт, Русија не пропушти да ни испрати мало поздравче преку официјалниот твитер профил на руската амбасада во Македонија.

„Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна“, гласи „поздравот“.

Твитот

- Реклама -