Кога сами не се спомнуваме Цукерберг го прави тоа (2.05 од интервјуто)

По големиот скандал кој изби со прбиените преку педесет илјади приватни профили, во интервју за најголемата светска медиумска мрежа CNN, сопственикот на фејсбук ги објаснува причините за новонастанатата ситуација, а објаснува и некои претходни состојби.

Тој го потенцира фактот што во 2016 година, за време на Претседателските избори во САД се појавиле многу лажни фејсбук профили и веб сајтови, кои ширеле лажни и сензационалистички вести со кои влијаеле на изборите. Тука тој посебно ја издвојува Македонија, како држава од која доаѓале најголем број од тие профили.

Фејсбук со дел од овие профили успеал да се справи, но штетата што тие ја направиле била несогледлива.

Инаку, по избувнувањето на најновиот скандал, акциите на Фејсбук на светската берза, доживеаја драстичен и вртоглав пад.

Погледнете го видеото, на 2.05, Марк зборува за Македонија:

https://www.facebook.com/cnn/videos/10158152879521509/

- Реклама -