Три нешта што се случуваат во телото кога ќе испиете кафе на празен желудник

Бенефитите од пиењето кафе, вклучително и тоа што содржи разни антиоксиданси, се прилично добро познати, но ако го пиете на празен желудник, кафето може да направи повеќе штета отколку добро.

Турско, инстант, или со млеко, научниците седнале да проучуваат што се случува во телото кога ќе го испиете на празен стомак. Дошле до неколку заклучоци.

1. Се зголемува нивото на киселини

Во празниот желудник, кафето го зголемува лачењето на хлороводородната киселина во системот за варење, што е лошо кај луѓето кои боледуваат од гастритис и и без тоа имаат зголемено ниво на киселина. Ова го зголемува ризикот од настанување на чирови, а го засилува хроничниот гастритис, синдромот на иритабилни црева и желудочниот рефлукс.

2. Стануваме нервозни и поподложни на стрес

Кафето влијае на зголемување на нивото на хормонот на стрес – кортизолот, посебно кога се пие на празен стомак. Храната делува смирувачки на организмот, и го ублажува негативното дејство на кафето.

3. Се намалува нивото на хормонот на среќата

Кофеинот го попречува производството на серотонин – невротрансмитерот одговорен за чувството на задоволство и среќа. Недостатокот од серотонин е главна причина за депресија и ментални болести.

Иако по испивањето на кафето на празен желудник првично ќе почувствувате нагло подобрување на расположението, за час-два тоа повторно опаѓа. Ако кафе пиете по неколку пати дневно, лачењето на серотонинот почнува да зависи од надворешни фактори, а не од самата работа на организмот, како што би требало.

- Реклама -