Хајлајтс од Арсенал – Милан (плус непостоечкиот пенал)

Милан е елиминиран од настапите во Лига Европа, откако и на вториот натпревар загуби од Арсенал, овој пат во Лондон со 3-1 (1-1). Со вкупни 5-1 екипата на Венгер обезбеди место во утрешната четвртфинална ждрепка во Нион.

Чалханоглу отвори за гостите во 35. минута, но само неколку минути подоцна домаќините израмнија преку Велбек, кој постигна гол по непостоечки пенал.

Гатузо по натпреварот изјави:

„Горд сум на играчите. Поразот во првиот натпревар беше решавачки. Ме лути фактот дека се предадовме откако резултатот стана 2:1 и дозволивме трети гол. Не треба да престануваме да се бориме. Не сакам да зборувам за судијата. Секој може да згреши. Задоволен сум од мојот тим и се надевам дека ќе продолжиме по тој пат. Сметам дека почнавме да ја креваме границата со презентацијата во Италија“, изјави Гатузо.

- Реклама -