Србин лежел 17 месеци затвор поради имењак од Хрватска

Наместо Иван Божовиќ од Хрватска – баран поради трговија со наркотици, италијанската полиција го уапсила 47-годишниот Иван Божовиќ од Србија. Осуден бил на 6 и пол години затвор.

До моментот додека да се увиди дека станува збор за грешка, Божовиќ (Србинот) одлежал 17 месеци зад решетки. Иако тој бараше отштета од 300.000 евра, Италија ќе му исплати 130.000 евра (ќе му дојде по 765 евра месечно).

Божовиќ бил уапсен на 25 ноември 2012-та, на границата со Словенија, по информација од истражителот дека се работи за лице по кое е распишана потерница. Му бил одреден истражен затвор, па набрзо е испорачан во Италија.

Ако уште се чудите како можеле да направат ваква грешка, почекајте да го чуете (прочитате де) ова: двајцата Божовиќ се родени на ист датум – 28 декември 1970 година… До грешката при идентификацијата дошло зашто во пасошот му бил наведен погрешен идентификациски број.

- Реклама -