Е ај речете дека ова не се генијални идеи

Многу од проблемите имаат едноставни решенија. Само треба да ни текнат (или да ги ископираме од некој што му текнале).

1. Семафори во Украина.

2. Патоказ за планински врвови.

3. Нели е греота да фрламе перфектно употреблива вода? А вака, со водата од измиените раце ја испираш и веце школката.

4. Пишува: „Ако го удриш знаков, ќе го удриш и надвозникот пред тебе“. Наменети се за камионџиите и другите високи возила. Ако не се лажеме, ваквите знаци се прилично чести, но треба да се и многу почести.

5. Лулашка за дете И родител.

6. Ем ограда, ем клупа за седење.

7. Лифт со копчиња за нозе, за кога рацете ви се зафатени.

8. Шише со апчиња со капак што покажува пред колку време последен пат сте ги отвориле. За да не се мислите дали сабајле сте се напиле, или тоа беше вчера.

9. Камионите на UPS (брза достава) имаат проѕирни кровови. Зошто? За да не мора вработените да користат светло преку ден.

10. Сијаличка во лифт во деловна зграда што свети кога надвор врне, за во случај ако не сте провериле веднаш да се вратите по чадор. Ја здогледувате уште кога ќе се отворат вратите, така што воопшто не го држите лифтот зафатен додека се враќате по чадор (инаку би го искористиле во три правци: надоле, па пак нагоре, па пак надоле)

11. Во Копенхаген на детските игралишта има исцртано сообраќајни елементи, за децата да вежбаат возење велосипед низ градски сообраќај.

12. Квака за отварање врата со нога, за да не се пренесуваат бактерии како при рачна.

13. USB стик што покажува уште колку слободен простор има.

14. Столчиња во ресторан во ски ресорт, со посебен простор за складирање на капите, ракавиците, шаловите.

15. Фонтанава со посебен сад што ја собира водата, за да пијат кучиња (а не да се лигават каде што пијат и луѓе, а и деца)

16. Шопинг количка со калкулатор. 

- Реклама -