Одличен 3Д ефект на iPhone X, наскоро и како бесплатна апликација (видео)

Роберт Мекгрегор работи на мошне интересна техника која наскоро планира да ја направи достапна во форма на бесплатна апликација во Apple Store за iPhone X (веројатно ќе биде наречена „TheParallaxView“).

Со помош на технологијата за следење на лицето (face tracking) на iPhone X, Мекгрегор ја мапира позицијата на набљудувачот, поточно окото, и потоа на екранот проектира перспективи кои одговараат на реалната позиција. Како резултат, добивате 3Д објекти кои изгледаат како да влегуваат или излегуваат од екранот.

- Реклама -