Овој апартман во Скопје е меѓу најлуксузните во светот (галерија)

Од големи палати и шик апартмани во космополитски градови, до историски замоци во далечни и отсечени краеви, благодарение на интернет сервисите за споделување на сместување, како Airbnb, патниците и туристите имаат можност да посетат некои мошне ретки и луксузни имоти.

Токму Airbnb направи листа од такви, насловена „Hardcore Fabulous“, а на таа листа, заедно со апартмани од Фиренца, Париз, Сараево и други, се најде и апартман од Скопје.

Како што е опишано сместувањето на Airbnb, се работи за дуплекс апартман инспириран од Салвадор Дали. Се изнајмува за 44 долари од ноќевање, а располага со приватен лифт и приватен паркинг.

 

Forbes, Airbnb, апартманот

- Реклама -