Цар! Наставникoт што предава информатика со цртање на табла

Во многу од руралните заедници во Гана, децата во училиштата немаат компјутери. Ама имаат информатика. И го имаат Owura Kwadwo – кој своето знаење стекнато на студиите по ликовна уметност го користи за што подобро да им го долови предметот на учениците.

Кога Овура ти предава за Word, на пример, ќе ти го нацрта целиот скриншот од документот и програмата на табла. „Го правам тоа за децата да разберат што всушност им предавам, и за да имаат барем блага претстава за тоа што ќе ги пречека ако некогаш седнат зад компјутер“.

Посветеноста на Овура стана сензација на интернет, но предизвика и жестока расправа за тоа зошто во 2018-та година воопшто постојат училишта без компјутери. Овура, лично, смета дека владата работи на проблемот, но очекува процесот да продолжи да се одвива бавно.

Во меѓувреме, наставникот добива сé повеќе донации за да може да им купи компјутери на своите ученици.

- Реклама -