Како да ја вратите опцијата „View image“ на Google

Се крена многу прав околу одлуката на Google да ја укине опцијата „View image“, главно зашто не се работи за никакво унапредување на функционалноста, туку напротив, и сето тоа резултат на прост прагматизам од аспект на бизнис.

Во договор со компанијата „Getty images“, од резултатите од пребарувањата на слики исфрлена е опцијата која нудеше можност да ја симнете сликата. Сега тоа е малку (минимално) покомплицирано, бидејќи Google сака прво да ја посетите изворната страна на која се наоѓа сликата.

Во зависност од пребарувачот, можно е со десен клик и отварање на сликата во нов таб да прескокнете еден чекор и да стигнете до истиот резултат кој го добивавме преку „View image“.

Сепак, ако баш ви фали старата опција, корисниците веќе имаат решение – преку Chrome/Firefox екстензии. Сé што треба е да ја инсталирате View Image екстензијата која можете да ја пронајдете на Chrome Web Store, т.е. Firefox add-ons.

Дополнителна причина е што со тоа ќе ја вратите и опцијата „search by image“, која овозможува пребарување по слики, на пример кога ја сакате истата слика само во подобра резолуција.

- Реклама -