Фејсбук воведе нови опции за заљубени

Непосредно пред Денот на вљубените, Фејсбук воведе нови опции во апликацијата Messenger, резервирани за профилите на новите парови.

Некои од новитетите се само бескорисни промени во изгледот, други можеби се и корисни, но и едните и другите ќе ве потсетат дека Фејсбук секогаш гледа и е тука да ви глуми другар во вашите лични животи.

Прво, откако ќе потврдите дека со некого сте во врска, chat-от автоматски ќе се отвори и за двајцата, притоа поплавувајќи ви го екранот со срциња.

Потоа Фејсбук ќе ви понуди опција да ги промените стандардните емотикони и стикери, бојата и надимаците во chat-от со тој со кого сте во врска. Една од промените кои веројатно ќе се покажат корисни, пак, е тоа што лицето со кое сте во врска секогаш ќе стои на врвот на листата со активни пријатели.

Нема сомнеж дека новитетите ќе им се допаднат на голем дел од корисниците, но според The Verge, инсистирањето на Фејсбук сите овие опции да се подесат во моментот на потврдување на статусот на врската може да се смета како преголема потреба за внимание и преинтензивно присуство на мрежата во вашиот личен живот.

Згора на сé, необично е што овие промени следат само месец и кусур откако директорот на Messenger најави дека апликацијата е претрупана и дека поминува низ процес на поедноставување.

- Реклама -