Виртуелен секс со живи луѓе (+18)

Ако целта ви е да имате секс со вистински жив човек преку интернет, добродојдовте во (потенцијално дистописка) иднината. Сé што ви треба е симулација од тој човек до вас во собата, а пар компании ќе се погрижат тоа да ви го овозможат.

CamSoda (webcam сајберсекс платформа), Lovense (производител на секс играчки, вибратори) и RealDoll (производител на реалистични секс кукли) ги здружија силите за да го креираат VIRP (скратено од Virtual Intercourse with Real People), или во превод – „Виртуелен однос со вистински луѓе“.

Принципот е сличен како кај теледилдоничките системи што ги користат webcam моделките (дилдо со Wi-Fi, контролирано далечински од корисникот што го гледа шоуто преку интернет), само што сега до корисникот има RealDoll кукла со вграден мастурбатор меѓу нозете (направа обратна од дилдо, еден вид вештачка вагина).

Ќе работи вака:

• Корисникот закажува сесија со webcam девојка опремена со Wi-Fi вибратор. Camsoda се фали дека располага со околу 100 такви моделки.

• RealDoll куклата е опремена со мастурбатор поврзан со вибраторот на webcam моделката, со кој меѓусебно си праќаат „притисочни податоци“ (pressure data). Во превод, и моделката и корисникот (гледачот) ја примаат сензацијата/чувството во исто време, со што се имитира чувството на имање секс.

• Третата компонента е хедсет за виртуелна реалност, користен од корисникот, за уште повеќе „да се внесе“ во доживувањето на „виртуелниот однос“ со моделката.

Најголемиот проблем во виртуелните и морничаво реалистични револуционерни бордели ќе биде цената. Неверојатно реалистичните RealDoll кукли чинат околу 5.000 долари (само торзо може и за 1.000 и кусур долари, а ако сакате реплика на порно ѕвезда може да ве кошта и $10.000), мастурбатор од Lovense (тој што се вградува во куклата) кошта околу 99 долари, а VR хедсет кошта од 500 до 800 долари, со тоа што и картонски од Гугл (Google Cardboard) може да заврши работа.

Многумина (од тие што ќе сакаат) нема да можат да си ја дозволат сета оваа опрема, но без гајле, компаниите мислат и на тоа. Многу наскоро најавуваат опција што овозможува деловите (или целиот сет) да се изнајми, за да не морате да го купувате.

Виртуелните, а живи простит… простете, секс работнички, никогаш не биле поблиску на дофат.

Какво сјајно време да се биде жив! Сега кога човештвото го достигна врвот, каде ли ќе одиме следно?

- Реклама -