Скоро сите слики на изложба на Модилијани биле фалсификат

Заштитниците на правата на потрошувачите во Италија бараат обесштетување откако експертската анализа заклучи дека скоро сите слики изложени во Џенова на изложбата посветена на прочуениот Амадео Модилијани всушност биле лажни.

Според експертот назначен од судот во Џенова, 20 од вкупно 21 слики изложени на изложбата биле „очигледни фалсификати“.

Адвокатот за потрошувачки права – Фурио Труци ги повика посетителите на изложбата да бараат да им бидат вратени парите.

Изложбата беше затворена три дена порано од предвиденото, откако инспекторите почнаа да ги истражуваат сомнежите околу автентичноста на сликите изразени од неколку експерти по сликарство.

- Реклама -