Добивме министер за здравство, останавме без изборна комисија

Денеска во Собранието, со 62 гласа „за“, еден воздржан и ниту еден „против“, избран е и новиот министер за здравство, докторот Венко Филипче.

Исто така, разрешен е заменикот-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Власте Димковиќ, а на негово место е назначен Благе Цветковиќ.

На денешните седници исто така се констатирани оставките на членовите на Државната изборна комисија кои претходно поднесоа оставки од функциите, поради реакциите на јавноста околу нивните парични бонуси и надоместоци.

Филипче го презема Министерството за здравство откако истата позиција ја напушти Арбен Таравари, кандидирајќи се за градоначалник на Гостивар на неодамнешните локални избори.

- Реклама -