Себастијан Курц стана најмлад шеф на влада во светот

Себастијан Курц, предводникот на десничарската Народна партија на Австрија, стана шеф на австриската Влада на само 31-годишна возраст.

Со положувањето на заклетвата пред претседателот на Австрија, конзервативната десница стана предводник на власта во државата, а Себастијан Курц нејзин лидер.

Заклетвата Курц ја даде пред претседателот Александер ван дер Белен. Во исто време, противници на крајната десница протестираа пред претседателската палата. Најголемиот дел учесници во протестот биле млади, едвај малку повозрасни од новиот шеф на Владата на Австрија.

- Реклама -