Научниците: Животниот век може значително да се зголеми

Најстарите луѓе на светот имаат по околу 115 години. Но, со интервенција на научниците во процесот на стареење, животниот век би можел значително да се продолжи и да достигне до 140 години. Најстарата личност на светот (официјално регистрирана) беше 122-годишна Французинка, која умрела пред 20 години.

„Во минатото, 70 отсто од луѓето умирале рано од разни инфекции, а денес 70 отсто умираат од болести типични за староста“, наведува израелскиот универзитетски професор Хаим Коен, кој го проучува молекуларниот механизам на стареењето.

„Ако можеме да манипулираме со самиот процес на стареење, можеме да го зголемиме и максималниот животен век“, тврди тој. Коен и неговиот тим објавија студија (во „Геронтолошки журнал“) во која се истакнува дека, благодарение на напредокот на медицината, очекуваниот животен век постојано се зголемува.

Кога соодветните интервенции би се извршиле  врз луѓето, максималниот животен век би можел да се продолжи и за 30%, сметаат научниците. Истражувањето на Коен доаѓа до спротивен заклучок од ланската студија на Медицинскиот факултет во Њујорк, во која беше заклучено дека човечкиот род го достигнал природниот лимит на долговечноста – 115 години.

- Реклама -