15 секси идеи за осветлување што можат комплетно да ви го променат домот

Бидејќи огромен дел од животот поминуваме под вештачка светлина, посебно во студените месеци, вистинскиот избор на осветлување во домот е особено важен. Освен што е неопходно, а може и да го разубави домот, според нашето лично искуство – осветлувањето може да влијае и на расположението, и тоа многу (60-ватна сијалица по дифолт ни е депресија, на пример).

Меѓутоа, за лаиците и не е така лесно да изберат добро осветлување. Затоа еве еден збир од добри идеи, и за нив, а веруваме и за професионалците.

1. Абажур од тиква

Przhemek Kravchinskii од Полска, на пример, создава необично осветлување од сушена тиква. Со малку вештина во резбањето може да се постигне вистинска магија.

2. LED линии

Откритието наречно LED диоди на современите дизајнери им овозможува доста уникатни сценарија на осветлување. На пример, ходникот во канцелариите на една голема меѓународна компанија, кој благодарение на LED осветлувањето потсетува на вселенски брод ала „Одисеја 2001“ на Кјубрик.

3. Фиберстакло

Фиберстакло (ака. фиберглас) – уште еден модерен материјал од стаклени влакна, кој може да се обликува во каква било форма по желба на изработувачот. Италијанскиот дизајнер Енцо Кателани од фиберглас прави абажури. Резултатот – уникатна игра од светлина и сенка.

4. Месечина

Лампата во форма на Месечина е дело на тајвански дизајнери. Идејата ја претставија во 2015-та на дел од crowdfunding сајтовите, а наместо бараните 40.000, собраа повеќе од 730.000 долари. Тоа доволно зборува, не?


5. Пак LED светло, овојпат и во улога на декорација

Нема потреба од многу објаснување. Освен што се функционални LED светлата очигледно можат да бидат и декоративни. Сé што ви треба е метална црна рамка со вградено LED осветлување.

6. LED зраци

Проектов на литвансата дизајнерка Indra Sunklodene исто така ја користи можноста за „скриено“ осветлување – LED ленти вградени во дрвени „футроли“ поставени на таванот.

7. Nanosheets

Уште еден извонреден пример на комбинација од функционалност и естетика. Креаторите ги нарекуваат „nanosheets“, а се состојат од поединечни осветлувачки елементи кои можат да имаат било каква форма (во случајов се триаголни) и да ги наредите во било каква формација. Бојата на позадинското светло (ака. backlight) исто така е по избор.

8. Дрво и „планина“

Малку фантазија, стари даски и стратешки поставени LED светла, се сé што ви е потребно за топло и смирувачко ноќно осветлување.


10. Вонземски мотиви

Холандската дизајнерка Сабине Марселис е автор зад серијата светилки насловена „Voie“, кои изгледаат како космички пејзажи и денес декорираат многу куќи и уметнички галерии низ светот. Направени се од долго заборавените неонки и елементи од полиестер.


10. Рециклиран паркет

Каролина Карлсон, во соработка со еден бренд кој произведува подни облоги, ја создадоа аголната лампа „Anya“. Идејата е да се искористат сите парчиња неискористен паркет, било да се во фабрика, било при редење дома. Очекувано, под парчињата се крие LED светло.


11. Помрачување на Сонцето

Дело на словачкиот дизајнер Тилен Сепич. Направена од дрвен круг од буково дрво. Поради дифузната рефлексија на светлината, создава ефект сличен на помрачувањето на Сонцето.

12. Облак

Истиот овој Тилен Сепич прави и „небесни светла“ – во случајов облак, кој можете да го направите и сами. Целиот процес на изработка Сепич несебично го споделува тука.


13. Рефракција

Не е столна лампа, но затоа е маса што е многу налик на лампа. Направена од икосахедрони со различни големини, направени од полирани акрилни плочи, а позиционирани меѓу стаклени површини, ја прекршува светлината (било да е природна или вештачка) во сите правци и бои.

14. Магична шума

За тие што ги сакаат природните елементи, без разлика дали дома во градот или во планинската викендица, дизајнерот Данкан Мирдинг создава лампи од дрвени трупци. Поедноставно, здравје.

15. Танцувачка светлина

Кога ќе земете сијалица со нерамно стакло (некои дувачи на стакло, како во случајов, намерно ги прават такви) и ќе ја поставите на ротирачка површина, добивате магична соба како во бајка.

Ете, добри идеи што со малку напор и посвета можете да ги направите и сами. Се надеваме дека ве инспириравме.

- Реклама -