Имало и ВИП-кабини за жичарницата на Водно

Фотографии од досега невидени и ненаменети за општа употреба ВИП-кабини за жичарницата на Водно објави на својот профил градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Иако беа најавувани, никој досега не ги видел и не ни знаел дека постојат.

-Не бил само Мерцедесот… ВИП кабини на жичарницата кои не се за општа употреба – напиша Шилегов во описот на фотографиите.

Се работи за двете како што се нарекуваат елитни кабини, кои беа најавени и во проектот и стојат на страницата со детали за Жичарницата на Водно и се дел од 30 кабини на првата од трите линии што беа планирани да ги има оваа Жичарница. Од нив 28 за по осум патници се во секојдневна употреба, додека другите две се за по 4 патници, но никој никогаш не ги виде, пренесе Нова ТВ.

Не е познато за кого се наменети овие кабини, со оглед на тоа што патот од средината до врвот на Водно се поминува за околу пет минути и не се потребни некои луксузни услови за тој пат.

- Реклама -