Робињо осуден на затворска казна поради силување

Судот во Милано донесе одлука со која Бразилецот Робињо добива затворска казна за сексуално насилство врз Албанка. Веста доаѓа од Италија каде весникот „Газета дела спорт“ пишува дека поранешниот играч на Милан е казнет на девет години затвор.

Робињо пак во своја одбрана, и’ се обрати на својата публика на инстаграм со следниве зборови:

„За прв и последен пат ќе речам – никогаш не сум учествувал во такви нешта, го сакам и го почитувам моето семејство. Оние кои ме познаваат ,знаат каква личност сум. Жена ми и моите деца се извонредни и веруваат во мене“

Во моментов Робињо настапува за Атлетико Минеиро и има 33 години. Сепак по изречената одлука, реагираше неговиот адвокат, кој изјави дека постојат шанси неговиот клиент воопшто да не заврши зад решетки. Робињо има право да ја обжали одлуката на миланскиот суд и ако истата остане на сила, тогаш Робињо ќе биде безбеден само во Бразил бидејќи оваа земја не ги екстрадира своите државјани.

- Реклама -