Епл ќе го рециклираат Ајфон СЕ

Заедно со Ајфон 6С, Епл го презентираа и Ајфон СЕ, кој го има истиот дизајн како еден од најпопуларните 4-инчни модели Ајфон 5С, но со подобрени перформанси.

Според едни, тоа беше одличен потег од страна на Епл, особено поради тоа што по Ајфон 6 сите модели се со 4,7 и 5,5-инчни екрани, а она што дотогаш беше карактеристично е што дури и на 4-инчен дисплеј тие успеваа да остварат одлични перформанси. Според други, пак, немаше потреба за воскреснување на старите модели.

Можеби вака ќе изгледа

Иако тие што не го сакаа се побројни од оние на кои им се допадна, од Епл најавуваат дека во текот на 2018 ќе пуштат уште еден обновен Ајфон СЕ, со подобрен процесор, поквалитетна камера (задна со 12 мегапиксели и предна со 5 мегапиксели), а батеријата веројатно ќе остане иста како и досега, односно 1.700 милиампер часови.

- Реклама -