Лоцирана аргентинската подморница, времето за спасување тече

Американската морнарица ја лоцираше исчезнатата аргентинска подморница „Сан Хозе“. Спасувачката мисија започнала веднаш.

Воената морнарица на САД открила топлинска дамка 230 метри под површината на морето, на околу 300 километри од брегот, а забележан е и звучен сигнал.

Откако подморницата е лоцирана, тече и времето за спасување, бидејќи во пловниот објект се трошат резервите на кислород.

Во потрагата по оваа подморница беа вклучени поморските служби од Аргентина, САД, Велика Британија, Чиле и Бразил.

Потрагата беше отежната поради лошите временски услови и високите бранови предизвикани од силни ветрови.

Оваа подморница тргна од Ушуаја, најјужниот град на светот и тргнала кон пристаништетот Мар дел Плата и била на околу 300 километри од брегот кога пријавиле дефект на електричната инсталација.

После тоа, подморницата исчезнала од сите радари.

- Реклама -