Објавена видео-снимка од потерата по севернокорејскиот дезертер

Командата на Обединетите нации под водство на САД објави видео-снимка од бегството на севернокорејскиот дезертер преку границата со Јужна Кореја.

На снимката се гледа како војникот со голема брзина со џип се упатува кон границата, а потоа како излетува од патот додека севернокорејските војници му се зад петите и отвараат оган од огнено оружје. Дезертерот паѓа тешко ранет, но веќе е на другата страна од границата, па јужнокорејските војници го одвлекуваат на безбедно.

Командата на Обединетите нации соопшти дека со овој потег – физичко преминување на границата и пукање на јужнокорејска територија – Северна Кореја го прекршила договорот за примирје со кој е окончана Корејската војна. Испукани се околу 40 куршуми, а дезертерот е префрлен во болница, каде што му биле извршени две хируршки интервенции.

- Реклама -