Живееме на седативи, пиво и цигари!

Во текот на октомври, дури 39% од жените и 29% од мажите во Македонија користеле седатив, а на своја рака земале и малолетници и тинејџери.

Секое второ лице во Македонија е пушач, мажите повеќе пијат пиво, додека жените преферираат вино. Најкористена дрога е марихуаната.

Од Институтот за јавно здравје нагласуваат дека помеѓу децата на возраст меѓу 15 и 16 години расте стапката на употреба на дроги, односно околу 5% од децата на оваа возраст пробале марихуана барем еднаш.

- Реклама -