Во Скопје регистрирани 11 сообраќајки

Во регистрирани 11 сообраќајки во скопскиот регион повредени 14 лица. Во четири од незгодите причинета е материјална штета.

Во текот на изминатите 24 часа забележани се повеќе сообраќајни прекршоци, меѓу кои и 14 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на црвено, двајца непрописно престигнувале, а двајца возачи возеле моторно возило без стекнато право на возачка дозвола.

Исто така, непрописно биле паркирани 48 возила, а со „пајак“ од сообраќајот биле отстранети 60 возила.

- Реклама -