Жените кои доживуваат инфаркт поретко добиваат реанимација, дека незгодно

Жените кои доживуваат инфаркт на јавно место имаат поголеми шанси да умрат. Причината? Банална; тоа што на спасителите (зборуваме за случајни минувачи, не професионалци) им е незгодно да ја раскопчуваат облеката на жената или и ем непријатно да ја притискаат на градите. Како резултат, почесто отколку што би требало изостанува адекватна помош.

Во случај на инфаркт, задолжително се применува надворешна масажа на срце и кардио-пулмонална реанимација. Според изнесеното на конференцијата на Здружението за срце во американскиот град Анахајм, мажите кои ќе доживеат инфаркт на јавно место имаат 23% поголеми шанси да преживеат. Од 20.000 испитани случаи, утврдено е дека 45% од мажите ја добиле потребната масажа на срце, за разлика од 39% од жените.

„Веројатно се работи за обесхрабрувачко мислење и избегнување на брзо и силно притискање во средината на женските гради“, објаснува првиот човек зад студијата – Одри Блевер од универзитетот во Пенсилванија. Таа гледа проблем и во тоа што кога се вежба реанимација (при полагање прва помош за возачки, на пример), најчесто се користат модели од машко торзо.

Но не ќе да е само тоа. Пред извесно време, некаде во Кина или Јапонија имаше случај кога маж беше уапсен зашто расоблекол онесвестена жена на улица. После испадна дека женава не дишела, а мажот пробувал да ѝ го реанимира срцето… Во меѓувреме, како тргнале во САД, можеш да лежиш и за сексуално вознемирување.

Се разбира, тоа не треба да нé спречува. Еве ја соодветната позиција на рацете.

- Реклама -