Што точно се случува во Зимбабве?

Војската на Зимбабве презеде контрола врз државата, спречувајќи го долгогодишниот претседател Роберт Мугабе да ја назначи својата сопруга како негов наследник.

Според медиумите, во главниот град Хараре пристигнале возила на војската, како и трупи, а сите овој потег го протолкувале како заземање на контрола, иако генералот тврди дека не е така.

Сепак и покрај ваквите тврдења, силите од Зимбабве за медиумите изјавиле дека криминалците на Мугабе се отстранети.

Немирите настанаа поради обидот на Мугабе да ја прогласи својата сопруга за наследник на претседателската фотелја, на што војската се противи. Мугабе ја води државата уште од 1980. Тој моментално се наоѓа во домашен притвор.

- Реклама -