МВР и УЈП затворија 13 локали во Скопје

Извор на фотографија: МВР

Вкупно 13 угостителски објекти беа затворени по вчерашната акција на пазарната и трудовата инспекција, заедно со МВР и УЈП.

– МВР во соработка со УЈП, Државниот пазарен иснпекторат и Инспекторатот за труд синоќа од 22 до четири часот преземаа мерки и активности за контрола на угостителските објекти по сите основи при што беше извршена контрола во вкупно 24 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје. Во осум од нив е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолентици, двајца за користење наркотични средства, а двјца за утврдување идентитет. Поради утврдени неправилности затоврени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти – рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција.

- Реклама -