Германија воведува трет пол во официјалните документи

Уставниот суд на Германија донесе одлука по која на трансродните лица им се дозволува впишување на таканаречен трет пол во официјалните документи.

„Прашањето околу полот е од голема важност, а тоа важи и за оние лица кои не се чувствуваат како припадници ни на женскиот, ни на машкиот пол“, се наведува во образложението на Уставниот суд.

Германската влада има избор: или до крајот на 2018-та да овозможи граѓаните по прашањето на полот да можат да се определат и за трета варијанта, или во целост да го укине наведувањето на полот во документите.

- Реклама -