Тајфунот Демри го погоди Виетнам

Речиси 50 лица загинале во налетот на тајфунот Демри кој го погоди централен и јужен Виетнам. Бројот на загинати може и да расте.

Најмалку 19 лица пак, се водат како исчезнати, меѓу кои и деветчлен екипаж на товарен брод кој потонал во близина на покраината Нањ Хоа.

Повеќе од 116.000 куќи се урнати или оштетени откако тајфунот, втор по ред месецов, го погоди Виетнам и предизвика прекин на електричното напојување во регионот.

- Реклама -