Ел Чапо халуцинира во затворот

Адвокатите на познатиот наркобос Хоакин Гузман тврдат дека неговото ментално здравје е сериозно нарушено и дека тој страда од халуцинации, пренесува Слободен печат.

Ел Чапо моментално е сместен во федералниот затвор во Њујорк. Адвокатите побарале од Судот да се изврши психолошка проценка на здравјето на нивниот клиент, коешто очигледно, како што и самите велат, е сериозно нарушено.

Тој веќе не можел да се сети на луѓе, места и настани и често халуцинира и мисли дека неговата ќелија е под видео-надзор, изјавиле од одбраната.

- Реклама -