98-годишна мајка се преселила во старечки дом за да си го чува 80-годишниот син

Ти текнува на оние безброј пати кога мајка ти ти рекла: „секогаш ќе ми бидеш дете“? Не си ни свесен/а колку е сериозна. Може и нема ништо послатко на светот од приказна за љубовта меѓу мајка и нејзиното дете, ама оваа е малку… чудна…

Том Китинг има 80 години, а од 2016-та живее во старечки дом во Ливерпул. Се работи за старо лице со потреба од дополнителна нега. Од скоро таму живее и неговата 98-годишна мајка. Се работи за уште постаро лице, ама со потреба некого да негува, во случајов – синот.

Наводно се сложуваат супер, особено кога играат друштвени игри и гледаат серии.

„Секоја вечер одам до собата на Том и му посакувам добра ноќ… Кога излегувам за на фризер, тој ќе ме побара да праша кога ќе се вратам. А кога ќе се вратам, ме чека со раширени раце и силно ме прегрнува“, раскажува мајката.

И Том делува среќен околу тоа како се одвиваат нештата. „Негувателите овде се многу добри и среќен сум што ја гледам мајка ми почесто сега кога живее овде. Многу добро ѝ оди грижата за мене. Освен што понекогаш ќе ме искара…“, раскажува Том.

Во домот велат дека е многу слатко да се сведочи љубовта на оваа мајка и ова дете, особено што не често се случува во старечките домови. Но ете, и Ада потврдува: „Никогаш не престануваш да бидеш мајка“.

Искрено, нас приказнава малце ни звучи како сценарио за хорор/психо/трилер, ама па што е битно нас како ни звучи.

- Реклама -