Познати резултатите од вториот изборен круг

Извор: ДИК

Според податоците од Државната изборна комисија, во вториот изборен круг, СДСМ победи во 17 општини, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во во пет, Алијанса за Албанците во три.

Во скопските општини, во вториот изборен круг, СДСМ ги освои Гази Баба, Кисела Вода и Шуто Оризари.

ВМРО-ДПМНЕ ги освои Кавадарци и Зрновци.

Во останатите општини СДСМ победи во Виница, Градско, Демир Капија, Долнени, Јегуновце, Карбинци, Македонски Брод, Македонска Каменица, Могила, Новаци, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чешиново Облешево.

Уште во шест општини не се пребројани гласовите и тоа во Бутел, Желино, Пробиштип, Струга, Тетово и Штип.

- Реклама -