Каталонските власти прогласија независност

Каталонските власти прогласија независност на областа само половина час пред шпанската Влада да изгласа укинување на автономијата врз Каталонија.

Властите од Каталонија денес прогласија независност, откако Декларацијата за независност ја изгласаа 76 пратеници од регионалниот парламент.

На ова реагираше шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој им порача на жителите на Шпанија дека ќе го вратат легалниот статус над регионот.

Додека каталонските власти прогласуваа независност, Горниот дом на Сенатот донесе одлука за централната власт да преземе директна контрола врз регионот, мерка согласна со членот 155 од Уставот на Шпанија.

Следен чекор би бил премиерот Рахој да го разреши каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон и да се укине прогласената независност.

- Реклама -