Вештачка интелигенција која пишува хорор приказни

Инженерите од МИТ ја создадоа Шели, вештачка интелигенција којашто е специјализирана за пишување хорор дела.

Името го добила по популарната писателка Мери Шели, која е автор на романот „Франкенштајн“.

Без разлика на верата и нацијата, луѓето во светот обожаваат книги и филмови кои барем малку ќе ги исплашат, а хорор-трилерите се едни од најпродаваните романи во светот. Истражувањето на МИТ, поточно, е на тема дали може една вештачка интелигенција, машина, да создаде нешто што ќе ги плаши луѓето.

Тие одлучија да ја промовираат Шели неколку дена пред Ноќта на вештерките. При нејзиното создавање, направено е таа да е машина способна за учење и „хранета“ со приказни од форумите на Редит, во коишто се опишуваат застрашувачки приказни и искуства. Шели може да ги искористи и најлошите кошмари, за да ја создаде најдобрата хорор-приказна.

- Реклама -