Писмо на загинат во Титаник продадено на аукција

Парче хартија на којашто има неколку дамки и напишан текст било пронајдено кај едно од телата на трагично загинат патник од Титаник.

Истото писмо било продадено на аукција во Велика Британија за 166 илјади долари. Ова писмо е еден од ретките предмети што „стигнале“ до копното по трагичното тонење на бродот во 1912 година.

Писмото припаѓало на патник од првата класа, Александер Оскар Холверсон и било адресирано до неговата мајка: „Ако сè е е добро, ќе пристигнеме во Њујорк во среда наутро.“

Сопругата на Холверсон била спасена по тонењето на Титаник, а неговото тело било извлечено од водите на Атлантикот и вратено на семејството.

Во остатокот од писмото има ретки факти за бродот и купувачите сметаат дека направиле добра зделка купувајќи го на аукција.

Во Британија во последните години сè попопуларен е бизнисот со продавање артефакти од потонати бродови.

- Реклама -