Докторот што сам си направи колоноскопија

Од аспект на тие што пробале, ама уште повеќе на тие што не пробале, колоноскопијата е една од најболните и најнеудобните нешта што можат да ти се случат. Иако при процедурата се користат седативи, да имаш флексибилен инструмент со дијаметар на прст во анусот не е најпријатно чувство, но е сепак најефикасен метод за откривање на цревни болести, како рак на цревата. Сепак, излишно е да се нагласува дека никој со здрав ум не би се подложил на процедурата, освен ако мора.

Е па, го имаме првиот. Се работи за кинескиот доктор Фенг Жуо – заменик директор на одделот за проктологија во шангајската болница. Тој неодамна самиот си изврши 15-минутна колоноскопија, со единствена цел да има подобар увид и повеќе разбирање за тоа низ што поминуваат неговите пациенти при инвазивната процедура. Жуо смета дека со тоа ги подобри своите хируршки вештини и ќе го направи искуството попријатно т.е. барем малку полесно за неговите пациенти, што е неговиот основен мотив.

По необичната интервенција, за која докторот внимателно размислувал и се подготвувал, тој ги објави своите детални забелешки на неговиот WeChat (кинески Фејсбук) профил. Главниот заклучок му е дека докторите треба да бидат исклучиво нежни кога изведуваат колоноскопија, со што единствено би се избегнало нанесување на голема болка на пациентот. Исто така, ќе се залага и за повкусни лаксативи.

- Реклама -