Новата реклама на KFC со „цели кокошки“ качи многу притисоци

Луѓето што ја гледаа новата реклама на ланецот за брза храна – KFC (Kentucky Fried Chicken) останаа прилично збунети.

Насловена е „The Whole Chicken“, а во главна улога се неколку бели кокошки кои се движат во ритамот на хитот на DMX – „X Gonna Give It To Ya“. Целта на рекламата, очигледно, е да се потцрта фактот дека KFC користи исклучиво 100% пилешко.

Ама… Многумина ја карактеризираа како глупава, па и грозна. Се јави и директорот на PETA – здружението за етичко однесување кон животните. Вели дека рекламата на KFC е како тие да ја правеле, и дека изгледа како кокошката да сака да каже „Јас сум си јас, јас не сум месо“. Вели дека ги провоцира „сите кои би каснале пилешко да ги погледнат тие умни, социјални, чувствителни и прекрасни птици во очите, и да осознаат дека тие се индивидуи, а не храна“.

Истиот став го делат и многу други. Затоа и се збунети од рекламата, бидејќи сметаат дека користењето на кокошки како актери попрво прави да сочувствуваш со животното, отколку да ти создаде апетит да го јадеш. А и така е, особено кога животното ниша глава на ритамот на DMX и во секој момент мислиш дека ќе почне да рецитира.

Па ете, правило „од око“ за адвертајзинг индустријата: кога убиваш нешто живо и го правиш продукт, барем не го ставај во реклама додека е во живата фаза.

 

- Реклама -