Renault одбележува 40 години во Formula 1 со жолт чајник

Како дел од програмата за прославата на 40 години учество во Formula 1, Renault објави дека компанијата ќе пушти во продажба уникатен и поврзан со натпреварувачката историја на француската марка – жолт чајник.

Болидот RS01 на француската компанија од 1977 година, кој беше пионер  во воведување на турбодвигател во Formula 1, донесе неизбежни првични проблеми во неговата ефикасност, па го доби името „жолт чајник“. Тој е дело на Кен Тирел, шеф на истоимениот тим од изминатите славни години. Во чест на овој RS01 од Renault коментираат, барем кога е во прашање дизајнот, дека е инспирирана и актуелната RS17, дури е и во официјалната боја од пред четири децении.

Специјалниот жолт чајник на Renault ќе биде произведен во лимитирана серија од само 40 примероци, секој од кои ќе чини 129 евра. Тој ќе биде пуштен во продажба во септември, а ќе биде достапен во тематските Atelier Renault во Париз и онлајн на shop.atelier.renault.com.

- Реклама -