Volvo и Nvidia ќе прават автономни автомобили од четврто ниво

Шведскиот производител на автомобили Volvo Cars и компанијата за автомобилски системи за безбедност Autoliv склучија договор со компјутерскиот гигант Nvidia за развој на софтвер за автономни автомобили.

Основната цел на развојот е автономните автомобили од четврто ниво да се појават на пазарот до 2021 година. Со новиот софтвер, што ќе биде основата на вештачката интелигенција на возилата кон возачот, ќе се презема сигнал од најразлични објекти, можни опасности или загрозување на безбедноста на патот. Според шефот на Volvo, Хакан Самуелсон, соработката меѓу компаниите ќе го забрза развојот на автономните автомобили, кои во иднина ќе се опремени со уште поразвиени технологии. Главниот извршен директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, за возврат беше категоричен дека главните предности од автономните технологии ќе бидат чисти градови и помалку метеж.

Освен разликувањето на промени во сообраќајните соопштенија, софтверот ќе овозможува автономниот систем да собира информации од различни ситуации. Во случај на настанат инцидент по зададена рута, вештачкиот интелект ќе може и да избере алтернатива, а со тоа ќе може и да се пресметува најдобриот начин на кој ќе биде поминат новиот пат, независно од варијаблите.

- Реклама -