Баварците официјално го претставија новото BMW X3

Германскиот производител BMW официјално ja покажа новата генерација на кросоверот X3. Моделот е модифициран однадвор и одвнатре, доби многу нови опции, меѓу кои клуч со интегриран дисплеј, како и „жешка“ верзија M40i.

Во споредба со својот претходник X3 е подолг, поширок и повисок, а неговите димензии соодветно се 4.716 х1.897х1.676 mm. Растојанието помеѓу двете оски е зголемено за 54 милиметри и веќе достигнува 2864 mm. Освен тоа инженерите на BMW постигнале идеално распределба на масата меѓу двете оски – 50:50. На изглед возилото останува со лесно препознатлив профил, но целосно се модифицирани како предниот, така и задниот дел. Моделот доби нова оптика, вклучувајки 6-аголни светла против магла – нешто што се случува за прв пат во гамата BMW X. Надворешноста на кросоверот ќе се разликува во зависност од нивото на опрема – предвидени се варијанти xLine, M Sport или Luxury Line. Во основната опрема на моделот влегуваат 18-инчни тркала, а со доплата се нудат такви со димензии до 21 инчи.

Ентериерот на X3 е целосно нов, во топ-верзиите се добива и тризонска клима со систем за јонизација на воздухот, вентилација на предните седишта, панорамски покрив и клуч BMW Display Key. Со помош на интегриран во него дисплеј може да се добиваат информации за состојбата на различните системи на возилото, а тој може да се користи и за управување на автономниот систем за греење и ладење. Мултимедијалниот коплекс на новата генерација на кросоверот располага со функција за управување со гестови. За моделот се нудат најсовремени системи за помош на возачот, меѓу кои активен круз-контрол, асистенти за одржување на лентата на движење, како и заштита од страничен судир.

Во палетата на мотори за европскиот пазар влегуваат два дизел и три бензински, а сите ќе се комбинираат со 8-степен автоматски менувач. Дизелската понуда е со 4-цилиндерски агрегат со зафатнина од 2,0 литри и моќност 190 КС и 6-цилиндрерски со зафатнина од 3,0 литри, која развива 265 КС. Бензинските се 2,0-литарски со 4 цилиндри со 184 и 252 КС, како и редни 6-цилиндерски со зафатнина од 3,0 литри. Последниот е за верзијата M40i кој развива 360 КС и 500 Nm. Кај неа забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4,8 секунди.

За новата X3 ќе може да се нарачаат спортска суспензија M, систем за регулирање на цврстината на амортизацијата Dynamic Damper Control, а исто така спортски сопирачки и адаптивна спортско управување на управувачкиот систем. Модификација M40i се разликува уште по дополнителните аеродинамички елементи на каросеријата и со спортски издувен систем со прилагодлив звук. Оваа верзија има и функција Launch Control, а поставките на системот за погон на четири тркала xDrive се такви што поголем дел се пренесува на задната оска.

- Реклама -