Кина ќе го ограничи производството на електрични возила

Се почето се појавуваат компании кои најавуваат ривалство на Tesla или пак развој на електрични супер автомобили, а најмногу од нив пристигнуваат од Кина.

Затоа властите на најбројната земја во светот имаат намера да го ограничат производството на одреден број на производители на електрични автомобили. Како систем од овој процес ќе престанат да издаваат лиценци за правење на електрични возила на сите кои ќе побараат. Ограничувањето ќе стапи на сила веќе од наредната година , што на надлежните институции ќе им даде доволно време за измена на процедурата за издавање на лиценци.

Идејата е да се издаваат потребни документи само на „сериозни и способни производители“. Со цел да се утврди кои се тие производители, Кина ќе почне да ги ревидира веќе доделените лиценци за производство на електромобили. Доколку се докаже дека компанијата не може да лансира квалитетен производ, нивната лиценца може да им биде одземена. Низ посебна лупа ќе бидат и оние кои ќе конкурираат за нови лиценци, за кои ќе има мошне строги критериуми.

Автоплус

- Реклама -