Каде е најскапо да имаш свој автомобил?

Кинеската метропола Шангај е најскапото место да поседуваш автомобил анализира британската истражувачка компанија Economist Intelligence Unit во студија нарачана од The Economist.

За база е користена цената за купување на семеен автомобил од D-сегмент (на пример Volkswagen Passat, Ford Mondeo, Оpel Insignia, Renault Talisman…) и трошоците за тригодишно негово одржување – сервиси, даноци и такси, осигурување и гориво (пресметани при просечна потрошувачка 12.4 литри на 100 километри). Освен тоа EIU го пресметала и трошокот според т.н. „Паритет на куповната моќ“ (РРР), земајки ја во предвид локалната цена на животот. Според овие пресметки, поседувањето на семеен автомобил во Шангај излегува над 140.000 долари за првите три години – речиси три пати повеќе отколку во Лондон. За утеха на локалните жители, сепак трошоците во Шангај се намалени во просек за 16% за последните десет години. Тројката на најскапите градови за поседување на возило се дополнува од Сао Паоло (Бразил) и индиската престолнина Њу Делхи.

Друг интересен заклучок на EIU, кој е добиен при овие анализи и истражување, е дека цената на автомобилите е помала, во однос на 2005 година, мерена според куповната моќ. Пред една деценија просечната цена на возило од сегмент D во Европа беше околу 25.000 евра, а денес чини 33.000. Тоа поскапување сепак е побавно од инфлацијата и растот на приходите, па реално денес купување на автомобил е малку подостапно во однос на ова перд една декада. Истражувањето опфаќа само одредени градови, а на пример интересно е пресметувањето за Рим, кој е на четвртата позиција и е пред Москва, Париз, Лондон, Токио и Њујорк.

Ако земат во предвид земјите на Стариот континент, тогаш со релативно скапи такси, гориво, одржување  во преден план се Велика Британија, Холандија, Италија, а нема да верувате и Грција.

Автоплус

- Реклама -