Vantage AMR е многу посебен Aston Martin

Новата подмарка на Aston Martin – AMR, во Женева, во март, претстави исклучително интересен концепт – Vantage AMR, кој сега влегува во производство.

Веднаш треба да се напомене дека серијата ќе биде доста скромна, едиција од само 300 автомобили, а како што е познато возилото е инспирирано од тркачки автомобил со кој британската марка учествува во светскиот шампионат за издржливост (WEC). Клиентите ќе можат да порачаат неколку различни варијанти на бои на екстериерот на Vantage AMR, вклучувајки ги и истите бои, со кои се натпреваруваше Vantage GTE со №95 во WEC минатата година – автомобилот кој ја освои светската титула во GT класата. Сите 300 примероци ќе се нудат со фиброкарбонски седишта, а кабриолет верзиите ќе имаат целосно кожен ентериер. Вкупно 100 од овие 300 автомобили ќе се со V12 мотор, чија моќност е зголемена за 30 коњски сили, до 595, а останатите 200 се со V8 мотори со 430 КС. И во двата случаи станува збор за атмосферски мотори кои работат со секвенцијален пренос со 6 и 7 брзини.

AMR ќе им предложи на своите клиенти и дополнителна индивидуализација на нивниот Vantage AMR, а тие може да бираат пакет од фиброкарбонски елементи за каросерија, специјални алуминиумски тркала и издувен систем од титаниум, со што се намалува тежината на автомобилот со 14 килограми.

Vantage AMR ќе се нуди на одредени пазари, а во Германија цената му започновува од 126.995 евра. AMR ќе го покаже официјално Vantage AMR овој викенд за време на трката 24 часа Ле Ман, а првите испораки за клиенти почнуваат во последниот квартал на оваа година.

- Реклама -