Aвтомобилските гиганти контра Трамп

Неколку од најголемите автомобилски концерни, кои беа критикувани од страна на Доналд Трамп, се здружија со цел да ја како велат покажат „другата страна“.

Всушност, компаниите Toyota, Volkswagen, Kia, Nissan, Honda … почнуваат масовно со рекламна ТВ кампања, која е насочена против новиот американски претседател. Видео рекламата ќе биде објавена во рамките на еден месец токму во омилените ТВ канали на Трамп, MSNBC и Fox News. Таа е направена во стилот на предизборната кампања на Роналд Реган од 1984 година, каде се зборува за слободна трговија и отворен пазар.

Прашањето што се поставува и е очигледно е насочено кон Трамп е: Зошто треба да се враќаме во времето на слаба конкуренција и недостаток на избор од страна на клиентите? Ќе потсетиме дека Трамп е цврсто против странските брендови и дел од домашните, оние кои имаат производство во Мексико, а директно ги обвини VW за „валкана игра“.

Автоплус

- Реклама -