Кортана, многу си ми секси

iPhone ja има Siri, Amazon ја има Alexa, Windows ja има Cortana, а некој некаде сигурно користи Google Home. Што сите овие имаат заедничко? Што се виртуелни асистенти со секси женски глас.

Секси женски глас за еден од четири испитаници, покажува истражувањето на маркетингшката компанија Mindshare, која проучува како луѓето реагираат на технологијата базирана на употреба на глас. Анализирани се емоциите на 100 љубители на тој вид технологија, и резултатите покажуваат дека дури 26% од испитаните имаат сексуални фантазии во врска со своите виртуелни асистент(к)и.

Дури 37% од испитаниците изјавиле дека толку ги сакаат гласовите на своите дигитални помошници, што им е жал што тоа не се вистински личности. Клучното, сепак, е што е утврдено дека корисниците со тек на време почнуваат да развиваат „подлабок емоционален однос“ кон вештачката интелигенција.

Се разбира дека тука ќе го спомнеме филмот Her (2013) на Спајк Џонз, за кој лично тврдам дека е визионерско пророштво што неминовно ќе се оствари. Освен што резултативе од истражувањето одат во прилог на таа теза, таквата можност т.е. ваквата реакција на луѓето на технологијата има и културолошка основа.

„Во најголемиот дел од нашата еволуција како вид, луѓето на новите генерации им го пренесувале знаењето и идеите по пат на орална традиција. Гласот, затоа, е можеби највродениот и најинтуитивниот начин на кој комуницираме“, вели Ник Рајан – аудио експерт и еден од авторите на студијата.

- Реклама -