Краток анимиран филм поради кој ќе посакате да дадете отказ

Бујрум на емотивен анимиран од седум минути. El Empleo („Вработен“ или „Вработување“) е рачно нацртан со водени бои и ги бележи современите норми за продуктивноста низ животот на еден човек кој тргнал на работа. Приказната го следи овој човек низ секојдневието кое го сочинува тој пат кон работното место. Сепак, доаѓа до пресврт кој на наративот му дава нова тежина.

Масите и столиците се во целост сочинети од луѓе на колена, а семафорот е направен од двајца закачени луѓе на бандера, кои пуштаат зелено или црвено светло откривајќи соодветна маица од под мантилот. Лифтот е придвижуван од закачен дебел човек на другиот крај од сајлата.

Секоја сцена хипнотизира и ги компликува нашите замисли за продуктивноста и услужниот сектор. Дали праќа порака дека како луѓе меѓусебно се искористуваме и злоупотребуваме? Или можеби е поучна приказна за нашата зависност од технологијата и можноста еден ден да останеме без неа?

El Empleo ги експлоатира овие идеи, ама и повеќе од тоа. Откако е објавен во 2008 година, има освојувано награди по цел свет, токму заради својата способност да ги преиспита големите модели на општествениот живот кои ги земаме здраво за готово.

- Реклама -