ВИДЕО: Новиот најдолг ски-скок на сите времиња – 253.5 метри

Таман пред еден месец потсетивме на најдолгиот ски-скок на сите времиња од февруари 2015-та, сега падна нов.

Претходно рекордер беше Норвежанецот Андерс Фанемел со должина од 251.5 метри. Новиот рекорд на сите времиња е на 23-годишниот Австриец Штефан Крафт, кој на 18 март скокна 253.5 метри на скокалницата во Викерсунд, Норвешка. Дечкото леташе 8 секунди.

https://youtu.be/kWnGOTLnVC8

На истата скокалница Димитри Василев скокна 254 метри – најдолгиот скок досега, ама падна при доскокот.

- Реклама -