ВИДЕО: Вести во живо на денот

Кореспондент на BBC се јавува во живо од дома во вестите од светот, за да зборува за состојбата со Северна Кореја. Во меѓувреме во собата влетува едно од неговите деца. По него влетува уште едно, со дубаче. По нив влегува испаничена жена што пробува да ги прибере. Малото почнува да плаче…

Целата сцена е како извадена од некаква пародија. Човеков ја прави уште похаотична со тоа што се обидува да остане сериозен.

- Реклама -