Хитлер бил нон-стоп „напукан“ со дроги

Не само што Хитлер бил подвижен коктел од дроги, туку во текот на војната станувал сé позависен и позависен од одредени миксови од супстанци.

Иако Нацистите делувале дека се „чисти“ и дека се противат на хемикалиите, пилулата наречена Первитин станала широко достапна за време на владењеето на Хитлер, се тврди во новата книга „Blitzed: Drugs in the Third Reich“ на Нормал Олер.

Дури и германските војници ја земале.

Се работи за активна состојка, метамфетамин, кој денес е познат како кристал мет, се вели во книгата. Дрогите „се искачувале сé до нацистичката висока команда, и на крајот, особено, стигнале до самиот Хитлер“, пишува во предговорот.

Наводно, зависноста на Хитлер почнала во 1941 година, со стероиди и инекции со животински хормони. Оттогаш до 1944-та, Хитлер „одвај да бил трезен, макар и на ден“, а неговите вени биле толку уништени, што неговиот доктор „одвај можел да ги продупчи“, пишува Олер.

И додека нашироко се верува дека Хитлер имал Паркинсонова болест подоцна кон крајот на животот, Олер вели дека е можно, всушност, тој да ги преживувал симптомите од повлекување од дрогата – заради сé почестите бомбардирања на фабриките и значително намалување на залихите и достапноста на дрогите.

Од друга страна, реномираниот историчар Ричард Џ. Еванс во својата рецензија за Guardian, отфрла голем дел од книгата како „општа генерализација“, вклучувајќи го и тврдењето на Олер дека целата германска нација земала Первитин.

Тој пишува дека е опасно да се сугерира, како што смета дека прави книгата, дека Германците не се одговорни за поддршката што му ја дале на режимот на Хитлер, и тоа затоа што биле издрогирани.

„Не е ни чудо што книгата е бестселер во Германија“, пишува Еванс.

- Реклама -